January 30, 2023 03:27
Магазин

(Видео) Лавови во Сиднеј ја изгризале оградата и побегнале

Пет лава ја изглодале оградата од куќата и се вовлекле под неа по што излегле на прошетка во зоолошката градина во Сиднеј.

Возрасен мажјак и четири младенчиња избегаа, а зоолошката градина прогласи тревога од прв степен. Вработените и посетителите на зоолошката градина се криеле и чекале лавовите да се вратат во заградениот простор.

Зоолошката градина „Таронга“ објави видео на кое се гледа бегството на младенчињата и на татко им, кои, според изјавата на зоолошката градина, биле мирни и се обиделе сами да се вратат во заградениот простор.

Младенчињата и таткото се обидоа неколкупати да влезат во живеалиштето, пишува „Гардијан“.

Инцидентот е под истрага. Од зоолошката објавија дека независен форензичар води детаљна истрага за причината како можело да се случи да биде уништен дел од оградата.