January 21, 2019 23:38
Македонија

(Видео) Костадинов: Мицкоски стои рамо до рамо со антизападниот пион Бачев

Портпаролот на СДМ, Костадин Костадинов, го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека не отстапува од намерата да го спречува членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ и дека стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски.

„Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаат само една цел, да предизвикаат тензии, омраза и насилства преку кои ќе се обидат да ја блокираат иднината на Македонија. Мицкоски работи исклучиво по директива на неговите шефови кои се противат на успехот на Македонија и со тоа ги загрозува највисоките државни и национални интереси, а тоа се членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски денеска потврди дека стои позади протестите против НАТО и ЕУ на кои се повикува на насилство, се шири говор на омраза и се дејствува деструктивно. Мицкоски стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски“, рече Костадинов.

Тој порача дека Мицкоски нема да ја блокира иднината во ЕУ и НАТО и нема да успее да го спречи напредокот на Македонија.

„Граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и сеење омраза. Граѓаните да бидат спокојни и горди, Македонија оди напред, во НАТО и ЕУ, Македонија станува глобална и напредна земја“, рече тој.

Related posts

Бизнисменот при неговото денешно сведочење рече дека се сретнал со Чавков кога бил да го пријави Заев

24news

Промовирани нови 26 потпоручници на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”

24news

По повод Светскиот ден на театарот, да не заборавиме на бон тон правилата при посета на некој културен настан

24info