November 23, 2020 20:26
Македонија

Видео-конференција „Пандемијата и безбедноста Како понатаму?”

Во рамки на Втората сесија на Работната група 4 (Правда, слободи и безбедност– Поглавје 24) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе се одржи видео-конференција на тема „Пандемијата и безбедноста. Како понатаму?”.

Од оваа сесија, информираат од НКЕУ-МК, се очекува да бидат разгледани одредени витални прашања кои претставуваат безбедносен предизвик за целото општество, кави што се на пример слободното движење на луѓе и неопходните ограничувања, миграциските текови во услови на пандемија и заштита на границите и други прашања од интер-дисциплинарен карактер.

– Осум месеци по прогласувањето на пандемијата предизвикана од КОВИД 19 светот се промени. Можеби не толку на почетокот, но денес е сигурно дека е неопходно да се преземат активности за прилагодување на подолг рок. Безбедноста и безбедносниот сектор, вклучувајќи ги јавните и приватните безбедносни системи, доби исклучително значење во креирањето на „новата нормалност” неопходна да се продолжи понатаму. Според тоа, безбедноста станува значаен фактор за спречување на епидемијата и тоа се однесува на болниците, продавниците, училиштата, спортот, забавата, рестораните, но и на семејството и другите сегменти од приватниот живот. Од досегашното искуство познато е дека оваа човечка трагедија може да биде ублажена со системски поврзани решенија што би се спровеле во сите сектори, посочуваат од НКЕУ-МК.