November 22, 2020 19:15
Свет

(Видео) Китови убијци нападнаа бродови во Шпанија

Орките, познати и како китови убијци, во последните две недели нападнаа четири едрилици покрај северниот брег на Шпанија, предизвикувајќи вознемиреност кај туристите.

Ноќта од понеделник кон вторник, со разлика од само три часа, два едрилици мораа да побараат помош од брегот, откако црни животни, долги меѓу 7 и 8 метри и со тежина од пет тони, се залетаа во трупот на бродот. И во двата случаи, орките го уништиле кормилото, па едрилиците на отворено море чекале спасувачките бродови да ги влечат на пристаништето.

Двата напади се случиле покрај брегот на Галиција, провинција во северна Шпанија.

Првиот напад следувал кратко по полноќ кога двајца Французи на рекреативната едрилица „Амадеус“ почувствувале силни удари. Во темница, орките нуркале и удриле во едрилицата, осветлена со фенерче од еден од членовите на екипажот.

Едрилицата била на пат од градот Сантандер кон Коруна, но откако кормилото откажало под силата на ударите, патувањето било прекинато и бродот на Црвениот крст ја одвлекол едрилицата до пристаништето на блиското место.

Три часа подоцна, службата за спасување добила нов повик, овој пат двајца Шпанци биле нападнати од јато орки и им било уништено кормилото.

Минатата недела двајца други едрилици доживеале слична ситуација во тамошните води, но никој од екипажот не бил повреден.

„Бев исплашен“, рече 65-годишниот Марк Смит, Британец, кој пловел со својата пријателка Каролин кога го биле нападнати. На едрилицата долга 13 метри, тој прво почувствувал удар, а потоа му откажало кормилото.

“Видовме две орки како пливаат покрај едрилицата. Мислев дека судирот се случил случајно, но тогаш орките удрија во едрилицата со глава”, рече тој и додаде:

„Се плашев дека ќе паднеме во морето, и дека орките ќе ја потопат едрилицата.

Многумина се прашуваат дали орките напаѓаат луѓе и дали може да им го одземат животот.

„Нема сознанија за напади врз луѓе“, тврди морскиот биолог Бруно Дијаз, директор на истражувачкиот центар во Понтеведра. Тој додаде дека вообичаено е во овој период од годината да се гледаат орки во водите на Галиција.