April 20, 2021 19:27
Македонија

(ВИДЕО) Километарска колона камиони на граничниот премин Богородица

Вечерва во 19 часот, камиони, цистерни, шлепери и други товарни возила, упатени кон Граничниот премин „Богородица“, создадоа редица која завршуваше некаде кај делницата за Мрзенци.

Имено, грчките власти воведоа нова мерка за влез во нивната земја, односно брзи ПЦР тестови за сите возачи на камиони на граничните пунктови.

Бугарија веќе реагираше за оваа ненајавена мерка од грчките власти и побара да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница. Според Бугарија, ова е во спротивност со регулативите на ЕУ.

Видетото погледнете го на следниот линк: https://www.facebook.com/505152725/videos/10158932366747726/