February 23, 2020 23:32
Хроника

(ВИДЕО) Канадери со вода од езерото го гаснат пожарот во Охридско езеро

Канадери цело попладне го надлетуваат Охрид, јавува Охрид њус.

Овие специјални летала учествуваат во гаснењето на пожарот што веќе втор ден беснее помеѓу селата Опеница и Косел.

Тие полнат вода од Охридското Езеро која ја испуштаат врз пламените јазици кои ја голтаат боровата шума во месноста Јасика.