April 15, 2021 11:00
Спорт

(Видео) Како Дончиќ ги решава натпреварите во НБА-лигата без да му затрепери раката

Луѓето од најсилната кошаркарска лига во светот, НБА му се восхитуваат на младиот словенечки интернационалец Лука Дончиќ со каква лесностија ги полни противничките кошеви, но и ги решава во одлучувачките моменти без да му затрепери раката натпреварите во корист на неговиот тим Далас.

Како сето тоа го изведува Дончиќ направија посебно видео со неговите најблескави моменти, поточно ситуациите во кои тој решава, носи победа или во најмала рака продолжение на Далас.