April 11, 2021 11:10
Свет

Видео) Какво е обезбедувањето на папата Франциско во Ирак?

Ирак распореди илјадници дополнителни безбедносни сили за време на историската посета на папата Франциско.

Безбедноста е засилена по низата ракетни и самоубиствени бомбашки напади, кои предизвикаа страв кај ирачките власти.

Висок безбедносен службеник, кој бил запознаен со планот за посетата на папата, изјавил дека силите што ќе го чуваат поглаварот на Римокатоличката црква биле обучени да се соочат со најлошите можни сценарија, од улични пресметки до бомбардирања и ракетни напади, објави „Ројтерс“.

Претпоставени напади биле дел од обемните вежби по повод доаѓањето на папата во Ирак, кој ќе престојува таму од денеска до 8 март, што ќе биде прва посета на еден папа на таа земја.

Безбедносните ризици се големи по пристигнувањето на папата и се очекува тој  првпат да патува со блиндиран автомобил, мерка за која Ватикан се надева дека ќе има двоен ефект, обезбедувајќи го поглаварот на католичката црква и намалувајќи го метежот во кој полесно се шири заразата, објави АП.

На аеродромот папата Франциско беше пречекан од премиерот на Ирак, Мустафа ал-Кадими, по што следуваше официјална церемонија на пречек во претседателската палата и средба со претседателот Бахрам Салих.

На вториот ден од престојот папата во Наџаф ќе се сретне со големиот ајатолах Али ал-Систани во неговата куќа, а АП наведува дека секој детаљ од состанокот, од соблекувањето на чевлите до распоредот за седење, е специјално договорен и испланиран.

За време на своето историско патување во Ирак, папата ќе ја посети и црквата во Каракош, центарот на христијанството во Ирак. Оштетена и запалена за време на владеењето на Исламската држава, судбината на црквата ја отсликува трагедијата на нејзината христијанска заедница, која беше уништена од страна на екстремистите.

Франциско ќе се моли за жртвите од војната во Мосул, а потоа ќе одржи миса во градот Ербил.

За време на ова историско патување, папата ќе се сретне и со човек што го преживеал масакрот во багдадската црква, каде што милитантите убија 58 верници во 2010 година, а ќе одржи и миса во Халдејската катедрала во Багдад и молитва во античкиот град Ур, каде што се верува дека живеел Аврам во вториот милениум пр. н.е.

DARLING in the FRANXX Episode 24 at website https://4anime.biz. See more watch animes

My Hero Academia 3 (Dub) Episode 25 at website https://animeplanet.cc. See more jojo's bizarre adventure anime planet

AnimeDao