Скопјани се одзваа на повикот на Град Скопје и вечерва се собраа на платото пред Универзалната сала да му оддадат последна почит на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина вчера од компликации од Ковид.
Собраните граѓани, меѓу кои има од сите генерации, палеа свеќи и оставаа цвеќиња и бели кадифени зајачиња и низ солзи ги пееа песните на Балашевиќ, кои се емитуват на видео бим.
Фото: Слободан Ѓуриќ