Македонија

(Видео и фото) Вакцинација со музика и добро расположение во СЦ„Борис Трајковски“

На пунктови во А1 СЦ „Борис Трајковски“ денеска почна вакцинирањето на поголем број на граѓани против Ковид-19 со руската вакцина „спутник В“, а закажани се термини за 3000 граѓани.

Според планот во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица кои работат во МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје, возачи на автобуси, пожарникари, вработени во Обвинителството и во судовите, паратините, воспитувачки во градинки. Предвидено е вакцинацијата со 20.000 руски вакцини што ни ги донираше Србија, да се одвива на 48 пункта.

За спроведување на вакцинацијата ќе се погрижи тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош доколку тоа биде потребно.

За добра атмосфера додека се одвива вакцнирањето се погрижија од СЦ „Борис Трајковски“ кои пуштаат музика.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Поврзани вести

Од црн џип испукани 90 куршуми во „голфот “на убиениот Камер Идризи во Бутел

Igor

(Видео-Фото): Убиство во Бутел, на терен се голем број на полициски возила, специјални единици

admin

Груевски за „Плацевите на Водно“: Криминалецот Заев праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост ако лажно сведочат против мене

Igor

ANIMEFLIX hunter x hunter animeflix: One Piece (Dub) Episode 693

KissAnime anime sites: Watch Naruto Episode 118