January 24, 2020 10:07
Магазин

(Видео) Излезе трејлерот за „Бладшот“, Вин Дизел е машина за убивање со супермоќи

На општо задоволство на обожавателите на стрипови, објавен е трејлерот за претстојниот суперхеројски филм „Bloodshot“, чија премиера е закажана на 13 март 2020 година.

Филмот го режира Дејвид Вилсон, а улогите ги толкуваат Вин Дизел, Елза Гонзалес, Сем Хуан и Гај Пирс.

Откако тој и неговата сопруга се убиени, Марин Реј Гарисон (Дизел) е оживеан од група научници. Со помош на нанотехнологијата, тој добива супермоќи и се претвора во машина за убивање. Сепак, тој се обидува да се сети на претходниот живот. Кога сфаќа што всушност се случило, започнува мисија за одмазда.

Нови вести

Конкурс на НАСА за името на новиот истражувачки ровер (линк)

Valentina

Шарлиз Терон откри како се чувствувала кога прв пат ја видела ќерката

Valentina

Хари и Меган – како ќе заработуваат пари

Valentina