February 28, 2021 04:25
Спорт

(ВИДЕО) Ибра му пцуел мајка на Лукаку, овој му рече „ќе те е*ам и тебе и жена ти“!

Конфликтот на Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ на миланското дерби во Копа Италија ќе биде топ-тема во италијанските медуми во наредниот период, а веќе почнаа да се појавуваат првите информации зошто овој немил настан беше инициран.

Швеѓанецот, наводно, му ја опцул мајката на Лукаку на терен, а исто така го нарекол и „мало магаре“. Белгиецот ја загуби главата, а дека паднале тешки зборови за неговата мајка, говорат зборовите на играчот на Интер пред тунелот.

„Сакаш да зборуваш за мојата мајка?“, кажа Лукаку и тоа се слуша на снимката на која нема коментатори и може да се чуе звукот од теренот. Исто така и Белгиецот не штедеше на зборови и на Ибрахимовиќ му кажа „ќе те е*ам и тебе и жена ти, кучко“.

Двајцата фудбалери добија жолти картони од судијата поради нивните недолични зборови, а нема да е изненадување ако некој од нив ја загуби главата во вториот дел и добие црвен картон.

Attack on Titan Season 2 Episode 12 at website https://kissanimeonline.com. See more legend of korra kissanime

Watch SK8 the Infinity Episode 2 at AnimeFreak bleach animefreak