December 5, 2022 22:06
Свет

(Видео) Зеленски: Ако ги одземете животите на нашите деца, нема да останете живи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа и се обрати на јавноста, велејќи дека Киев постигнал позитивни резултати на повеќе фронтови.

– Криминалната мобилизација Русија ја користи не само за да ги продолжи страдањата на луѓето во Украина и дополнително да го дестабилизира светот, туку и за физички да ги истреби мажите – претставници на домородните народи кои живеат на териториите кои привремено ги контролира Руската Федерација – рече тој.

Тој додаде дека видел дека луѓето, особено во Дагестан, почнале да се борат за живот.

– Гледаме дека почнуваат да сфаќаат дека тоа е прашање на нивниот живот. Борете се вашите деца да не бидат испратени да умрат – секој што може да биде фатен од оваа криминална руска мобилизација. Затоа што ако ги одземете животите на нашите деца – ќе ти кажам како татко – нема останете живи – рече тој.

– Сакам уште еднаш да нагласам: има излез. Не поднесувајте се на криминална мобилизација. Ги повикувам сите наши пријатели од областа на информирањето да го рашират овој апел. Колку повеќе граѓани на Руската Федерација барем се трудат да си ги заштитат животите, толку побрзо ќе заврши оваа криминална војна на Русија против народот на Украина – рече Зеленски за време на својот говор,пренесе Аваз.ба.