March 2, 2021 14:17
Спорт

(Видео) За 14 минути четири гола постигнаа Севиља и Реал Сосиедад

Возбудлив и ефикасен натпревар на „Санчез Писхуан“ одиграа Севилја и Реал Сосиедад во рамките од 18. коло во шпанската фуд балска „Ла Лига“. Победи Севиља со 3:2, во меч на кој во почетните 14 минути беа постигнати четири погодоци и само еден во преостанатите 80 минути од играта.

Ел Несири имаше свој ден. Ги постигна сите три гола за Севиља и со 12 погодоци е шести стрелец во Ла Лига зад Морено, Аспас, Меси, Суарез и Бензема.

Головите за Сосиедад ги постигнаа талентираниот напаѓач Исак и Диего Карлос, кој несреќно ја затресе сопствената мрежа во петтата минута.

Севиља е шесто пласирана на табелата со 30 бода, додека Сосиедад е на петтото место со ист број на бодови.

https://twitter.com/i/status/1347908897001132038

 

Watch Tensei shitara Slime Datta Ken 2nd Season Episode 1 (https://crunchyrollfree.com/m/62ym/ep-1) at Crunchyroll crunchyroll 30 day free trial

World Trigger 2nd Season (https://animeplanet.cc/m/ge93) Episode 2 at website https://animeplanet.cc anime planet darling