August 21, 2019 14:32
Македонија

(Видео) Заев: Нема да дозволам педер, суетен новинар и неколку криминалци да ја урнат Владата

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата. Тој верува во транспарентен процес, а отфлра секаков вид шпекулации дека тој е вмешан во случајот каде осомничени се Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.

“Шпекулациите кои одат до таму, обидувајќи се некој да ме инволвира мене, уште еднаш да напоменам. Јас сум Зоран Заев, дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, правна држава, нормална земја. Јас сум борец и ќе продолжам да се борам за ова до крај. Секако, нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа Влада од власт. Ќе се бориме до крај, а секој ќе си сноси одговорност“, рече премиерот Заев.

Заев додава дека по доаѓањето на новата Влада, тие создале услови правосудството да работи непречено. Повика Обвинителството да ги изнесе сите докази кои ги има, дури и за него и Катица Јанева, доколку постојат, посочувајќи дека секој ќе сноси одговорност.

„Мислам дека јавноста и вие новинарите сте информирани за деталите, освен оние кои истрагата ќе ги соопшти на крајот. Верувам во транспарентни истраги, односно во прецизни и брзи истраги. Јас јавно отфрлив секаков вид на шпекулации со моето име и стојам целосно позади тоа. Јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде заборавено. Денеска оваа политичка гарнитура преку извршната власт, создаде услови правосудството, еве го јавното обвинителство, непречено да работи. Без разлика дали некој бил газда на медиум кој ја поддржувал власта. Денеска тој е во притвор. Но, пресумцијата на невиност треба да се почитува без разлика дали е инкриминирн, има индиции, некој што е висока позиција како што е Катица Јанева која е во СЈО. Секаде каде ќе се утврдат докази, секој што е инволвиран од зимање на пари кои се појавуваат во тој скандал, го прекршил законот, треба да си одговара. Ние одамна испративме порака дека кај нас нема политички калкулации“, додаде тој.

Нови вести

Обвинителството бара притвор за Јанева

Daniela

Видео од апсењето на Јанева

Daniela

Покрај Јанева денеска приведени и двајца политичари

24news