April 9, 2020 01:08
Балкан

(Видео) Загреб со аплауз го испрати девејчето кое загина во земјотресот

Загреб се прости од 15-годишното девојче кое е единствената жртва од земјотресот кој го погоди градот во раните утрински часови во неделата. Девојчето почина како последица на повредите кои ги здоби во станот каде живеело, за време на силниот земјотрес.

Лекарите два дена се бореа за нејзиниот живот, но битката за животото ја загуби во понеделникот во попладневните часови во загрепска болница. Загрепчани излегле на своите балкони и со силен аплауз за последен пат се простија од девојчето.