April 14, 2021 15:59
Хроника

(Видео) Журката поради која Миленко Неделковски и Пандов завршија во полиција

На социјалните мрежи се појави снимка од забавата во кафеаната во Стајковци поради која беа приведени18 лица, меѓу кои и новинарот Миленко Неделковски, членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов и уште неколкумина.

На видеото може да се забележи дека гостите не почитуваат ниту растојание, ниту пак некој од пропишаните протоколи за заштита од ковид 19, а и објектот работи надвор од пропишаното време

Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19“, соопшти СВР Скопје.