September 22, 2019 16:47
Македонија

(Видео) Жбогар се фати на оро на „Македонско девојче“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар заигра оро на денешната прослава на Денот на независноста која под мотото „Боите на независноста“ се одржа во Градски парк кај лкокацијата Школка.

Меѓу учесниците во прославата беше и Виолета Томовска, која ја испеа „Македонско девојче“. Присутните се фатија на оро, а нив им се придружи и Жбогар.

Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото.

-Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче”, твитна евроамбасадорот Жбогар.

Нови вести

Иванов ја доби тужбата против Антикорупциска пред Управен суд

Filip

ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на криминалот, СДСМ  пријавува незаконско работење и е партнер со земјоделците

Igor

„Од нас за нас”: За вакцините да постои право на избор и лабораторија за контрола на квалитетот

Igor