January 29, 2023 13:27
Спорт

(Видео) Еуфорија во Мароко по победата, поразот на Шпанија се славеше и во Барселона

Репрезентацијата на Мароко ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали и африканската селекција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Големата победа се прослави на улиците и во кафулињата, погледнете како изгледаше:

Поразот на Шпанија беше шокантен за сите фанови на Црвената фурија, но во Барселона се случи нешто незапамтено. Луѓе на улиците излезени, со факели и песни славеа за победата на Мароко против Шпанија.

Првичните шпекулации беа дека тоа се каталонците, но сепак потоа беше демантирано и потврдено дека се работи за Мароканци кои живеат во Барселона.