September 28, 2020 22:17
Свет

(Видео) Експлозии во Минск, загина демонстрант

Експлозии се слушаат во центарот на Минск, главниот град на Белорусија, јавуваат светските агенции.

Според ТАСС, еден демонстрант загинал откако во раце му експлодирала бомба, кога се обидел да ја фрли кон полицијата. Еден автобус бил запален од факел. Медиумите јавуваат дека има загинати, бројни повредени и илјадници уапсени.

Колона возила на специјалните сили била блокирана од барикади направени од автомобили но истите биле растурени.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека протестите се управувани телефонски од Велика Британија, Полска и Чешка.

Лукашенко објасни дека претседателските избори се одржувале како празник, но се појавиле оние што сакале да ги расипат.