January 26, 2021 20:13
Спорт

(Видео) Еврогол на Гризман, Меси даде уште поубав и го посвети на Марадона

Антоан Гризман со еврогол што ќе се памети ги запали роденденските свеќи на Барселона, клуб што денеска го слави 121. роденден, а прославата не можеше да пројде и без фантасичен гол на Лионел Меси, најголемата фудбалска ѕвезда во долгата историја на шпанскито гигант.

Барселона ја победи Осасуна со 4:0 и го прослави роденденот. Клубот е формиран на 29. ноември во 1899 година и е еден од најстарите во Шпанија со столетна традиција што се слави во три века.

Победата во славенчичка атмосфера ја најави Брајтвајт со погодок во 29. минута, а потоа се истакна Антоан Гризман. Францускиот ас постигна еврогол во 42. минута како убав подарок за славеничкиот ден на Барселона.

 

Потоа прецизен беше и Кутињо, а имаше и два поништени гола, еден на Осасуна и еден на Барселона. И за крај очекувано Лео Меси имаше своја фудбалска магија и стави печат на убедливиот триумф со прекрасен погодок во 73. минута. Aргентинецот многу емотивно го прослави погодокот во чест на својот идол и легендата Диего Армандо Марадона, кој во средата почина на 60-годишна возраст. Меси после голот го соблече дресот на Барселона, а под него беше дрес на Њувилс Олд Бојс и со бакнеж и поглед кон небото му одаде почит на фудбалскиот Бог, кој му беше и селектор во аргентинската репрезентација. Но, без оглед на емотивниот момент, на фактот дека сѐ деновиве е посветено кон големиот Диего, судијата на мечот, реши да се држи строго за правилата, па му залепи жолт картон на Меси зашто го соблелкол дресот на Барса.