January 20, 2020 13:12
Свет

(Видео) Драматичен лет на авионот на Путин, со мала видливост успеа да слета на аеродромот

Пред неколку дена авионот на рускиот претседател Владимир Путин едвај слета на аеродромот во Бишкек поради силна магла, открија пилотите на претседателскиот авион за телевизијата „Русија 24“.

На 28 ноември, Путин престојуваше во главниот град на Киргистан, на состанок на Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО), а пилотите открија дека проблемите почнале веднаш по полетувањето од аеродромот во Санкт Петербург.

Временските услови се влошувале и, како што се наведува, видливоста била помала од 500 метри.

„За време на слетувањето пистата не беше видлива“, рече еден од пилотите.

Сепак, со нивното искуство тие успеале безбедно да го приземјат леталото.

Нови вести

ОН: Климатските мигранти не смеат да бидат вратени во земјите од каде побегнале

zane

Шиф: Разузнавачките агенции не му даваат на Конгресот документи важни за импичментот за Трамп

zane

Трамп со закани до ЕУ заради огромните бариери за американскиот бизнис

zane