Пристигнувањето на архиепископот Стефан и владиците во Белград е по повод утрешната заедничка литургија за помирување што ќе се одржи во храмот „Свети Сава“ во главниот град на Србија
Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирије, на социјалните мрежи објави видео од пречекот на архиепископот Стефан и владиците од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во Белград.
„Како што бијат камбаните на храмот ’Свети Сава‘, така и нашите срца бијат од радост за овој благословен ден. Добродојдовте драги браќа! Добредојде брате архиепископе Стефан и владици. Добродојдовте во заедницата на љубовта вие и целиот ваш богољубив народ. Браќа сме и само браќа!“, напиша Порфирије во објавата со видеото.
Пристигнувањето на архиепископот Стефан и владиците е по повод утрешната заедничка литургија за помирување што ќе се одржи во храмот Свети Сава во Белград.