November 14, 2019 00:36
Спорт

(Видео) Дал гол со глава од својата половина на теренот

Натпреваротот меѓу Басфорд Јунајтед и ФЦ Јунајтед Манчестер во Манчестер во англиската Северна Премиер лига (седмо по ранг првенство) во вторникот вечерта го обележа гол постигнат со глава од спротивната половина на теренот.

Откако домашните фудбалери исфрлија една топка од нивната половина, играчот на Басфорд, Стефан Галински истата ја дочека со глава и ја упати назад кон голот на Јунајтед.

Голманот Камерон Белфорд, кој излезе на врвот на шеснаесетникот погрешно го процени летот на топката која по падот го прескокна и заврши во мрежата.

Тоа беше гол за водство од 1:2, а конечниот резултат беше 1:3.

https://twitter.com/sbk/status/1184451009910845440

Нови вести

Ѓоковиќ со пцовки кон своите тренери: Кажи нешто пи*ка му материна

Igor

Вардар го совлада Мотор во СЕХА лигата

Filip

Одбојкарите на Вардар убедливо поразени во Чешка

Filip