• почетна
  • Република
  • Скопје
  • (Видео+фото) Градоначалникот Смилевски го даде својот отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат
Скопје

(Видео+фото) Градоначалникот Смилевски го даде својот отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат

Денеска градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски го даде својот отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат.

Најнапред, во неговиот кабинет тој го презентираше комплетниот список на повеќе од 50 реализирани проекти.

          Потоа беа посетени четири локации на кои се завршени или се уште е во тек реализацијата на проектите. Увид беше направен на ул. ,,Александар Урдаревски,, каде што се реализира проектот за изградба на атмосферска канализација.

По овој повод градоначалникот Смилевски го изјави следново: Заедно со Градот Скопје втора недела работиме на поставување на нова атмосферска канализација од потегот на кружнот тек до улицата улицата ,,Бутелска,,. Работите ќе се одвиваат во две фази. Првата, која е во тек ќе се одвива до семафорот на ул. ,,Александар Урдаревски,,. Втората од семафорот до ул. ,,Бутелска,,. Работите ќе траат околу 1 месец, а сообраќајот се одвива по една лента, иако првично беше планирано улицата целосно да биде затворена за сообраќај. Сепак, сакам да им се обратам на граѓаните и да ги замолам за трпение и да ги користат алтернативните патишта.

Потоа градоначалникот Смилевски, ја посети и ул. ,,Натанаил Кучевишки,, која е една од алтернативните улици што води до новиот булевар ,,Христијан Тодоровски Карпош,,. Оваа улица неодамна доби ново улично осветлување со комплетно променета електрична инсталација. Пред медиумите градоначалникот посочи дека до сега се поставени повеќе десетици електрични столбови и канделабри, а најважно е што постојните светилки се заменуваат со нови штедливи 70 ватни натриумови светилки.

За десетте асфалтирани улици, како пример беше одбрана улицата ,,Душко Поповиќ,, каде што градоначалникот посочи дека ќе се продолжи со одржување, реконструкција и рехабилитација на патната инфраструктура. Инаку за веќе асфалтираните улици потрошени се повеќе од 3 500 000,00 ден. од буџетот на Општина Бутел.

Последната локација беше паркот спроти поликлиниката Чаир каде што е изградено ново детско игралиште, печашка патека и поставено е ново осветлување. Градоначалникот, Велимир Смилевски истакна дека: ,, Во изминатава прва година од мојот мандат реализиравме повеќе од 50 проекти кои се рамномерно распоредени во сите населени места во Општината. Останува во втората година да реализираме уште повеќе и уште подобро. Се разбира, за потребите на граѓаните и за подобрување на нивната култура на живеење.,,

 

 

 

Related posts

Град Скопје ќе воведе ред во поставување на урбаната опрема

Igor

400 жители на Центар се ослободија од старите и опасни електронски уреди

24news

Шилегов: Сопиште може да посака и метро

24news