December 4, 2021 13:54
Спорт

(ВИДЕО) Голман истепа соиграч во Ирска

Сѐ и сешто има во светскиот фудбал, па и вакви тоално луди сцени, а доаѓаат од Северна Ирска и мечот на Гленторан и Колерејн (2-2), на кој ептен се исклучи домашниот голман Арон Мекери.

Чуварот на мрежата на Гленторан после еден примен гол му се пушти на својот соиграч Боби Барнс, откако го примија израмнувачкиот гол на десет минути пред крајот. Прво го нокаутира, па уште им му се нафрли за да го (за)дави соиграчот.

За глупоста, судијата го исклучи, но прашање дали клубот ќе го казни и ќе му удри клоца после ова лудило.