August 20, 2019 01:09
Свет

(Видео) Голема бубашваба го лазеше Дутерте, додека тој држеше говор

Голема бубашваба лазеше по филипинскиот претседател Родриго Дутерте додека тој говореше на предизборен митинг, што предизвикува бран од потсмев на тамошните социјални мрежи, објави „Хина“.

На Филипините за во понеделник се закажани парламентарни избори, а Дутерте учествува во кампањата на неговата Филипинска демократска партија – Моќ на народот.

За време на говорот што Дутерте го држеше во средата во градот Гарсија Ернандес, бубашвабата му се качи на левото рамо, а една од соработниците на претседателот веднаш реагираше и се обиде со папка да ја отстрани бубашвабата, но инсектот продолжи да си лази по Дутерте.

Медимуите информираат дека ваквиот настан воопшто не го вознемирил Дутерте кој рекол дека бубашвабата е само инфилтриран припадник на опозициската Либерална партија.

Критичарите на претседателот на Филипините му одговорија со пораки на социјалните мрежи дека природно привлекува инсекти, бидејќи добро е познато оти ѓубрето е магнет за нив.

Нови вести

Полицијата во САД викендов спречила три можни масовни пукања

Filip

Пекинг ги користел Твитер и Фејсбук против демонстрантите во Хонг Конг, тврдат двете социјални мрежи

Filip

Началникот на Федералните затвори во САД отстранет од функција по самоубиството на Епстајн

Filip