June 21, 2021 18:07
Балкан

(Видео) Вучиќ објави како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на своите социјални мрежи објави видео во кое се гледа како ќе изгледа српската фабрика за вакцини.

-Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата и на погон за производство на ПЦР тестови. Горд сум на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството, напиша Вучиќ.

Во март, Вучиќ, за време на престојот во Абу Даби, објави дека во Србија во соработка со Обединетите Арапски Емирати и Кина ќе започне производство на вакцината за коронавирус на кинеската компанија „Синофарм”.

Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцините на Синофарм, кажа тој, додавајќи дека е договорено фабриката да биде завршена и да започне со производство на 15 октомври.

-Оттогаш за нас ќе имаме големи количини вакцини, но и за целиот регион, бидејќи ќе мора барем по буквална цена да ја даваме вакцината на регионот, затоа што сè што ние нашите луѓе ќе ги излечиме или дејствуваме превентивно не вреди ако има проблем во регионот, објасни Вучиќ.

AnimeHeaven animeheaven boruto: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 8 (https://animeheaven.pro/m/b857/ep-8)

WCOStream wcostream hunter x hunter: Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 8