June 21, 2021 11:21
Балкан

(Видео) Во Aја Софија првпат по 87 години беше извршена молитва за Рамазан Бајрам

Во истанбулската џамија Аја Софија, првпат по 87 години, беше извршена молитва за Рамазан Бајрам, јавува турската државна новинска агенција Анадолија.

Аја Софија служела како црква 916 години, сè до османлиското освојување на Константинопол, денешен Истанбул, додека како џамија служела од 1453 до 1934 година.

На 10 јули минатата година турски суд ја поништи одлуката на некогашната влада на таа земја, која на Аја Софија на 24 ноември 1934 година и додели статус на музеј.

Со поништувањето на споменатата одлука, на Света Софија И е вратен статусот на џамија.

Туристите и понатаму ќе можат да ја посетуваат Аја Софија, а фреските на sидовите ќе бидат покривани со завеси само за време на молитвите во џамијата.

4Anime 4anime sign up: Attack on Titan Final Season (https://4anime.biz/m/8VEB) Episode 16

WCOStream wcostream close enough: Watch Banana Fish Episode 22