January 29, 2023 13:31
Хроника

(Видео) Во филмскиот грабеж во „Поинт ритејл парк“ ограбени банкомати на четири банки

Банкоматите на четири банки биле разнесени во вооружениот грабеж кој рано утрово се случи во трговскиот центар „Поинт ритејл парк“ во скопската населба Топанско Поле, информираа од управата на трговскиот центар.

-За време на настанот обезбедувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаи. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар“, велат оттаму.
Од „Поинт ритејл парк“ додаваат дека очекуваат брзо разрешување на случајот, а истакнуваат дека трговскиот центар продолжува со редовна и непречена работа.

Порталот „ЗООм.мк објави видео од грабежот на кој се гледа дека акцијата почнала во 5 часот и 41 минута и траела околу 1 минута. На снимката можат да се видат чеворица маскирани и вооружени разбојници. Две лица се упатуваат кон банкоматите и почнуваат да го поставуваат експлозивот, а другите двајца кои во рацете држат автоматски пушки го тргаат чуварот на другиот дел од паркингот. Пред да дојде до експлозија по главната улица поминува и автомобил.

Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада” во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М., а потоа запалиле банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Веднаш по добиената пријава преземени се мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. Извршен е увид од јавен обвинител и екипи на СВР Скопје, при што е утврдено дека сторителите со употреба на експлозивна направа ги отвориле банкоматите и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во клинч – меѓусебни обвинувања за тоа кој ќе гласа за уставни измени

blink

Македонскиот пазар на труд отворен за работници од странство, се чека ратификација на договорите од „Отворен Балкан“

blink

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација

Igor