June 21, 2021 18:33
Свет

(Видео) Во Израел се сруши платформа со стотина верници, загинаа две лица

Oткако денеска се урна платформа во синагога во израелската колонија на Западниот брег, две лица загинале, а најмалку 100 верници се повредени, објави израелската медицинска служба.

Полицијата соопшти дека имало 650 верници кои биле натискани во синагогата за време на молитвата на почетокот на еврејскиот празник Шавуот.

Снимки од безбедносните камери во храмот покажуваат како платформата се руши и луѓето паѓаат едни на други.

Според портпаролот на безбедносната служба, структурата што се срушила била во фаза на изградба.

Полицијата и локалните власти соопштија дека организаторите биле предупредени дека градбата е небезбедна, но го одржале настанот и покрај недостатокот на дозволи, пренесува Би-би-си.

Ова е втор голем инцидент за само неколку недели откако во стампедо за време на религиски фестивал во северен Израел загинаа 45 Ортодоксни Евреи.

AnimeFreak dubbed anime: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 15 (https://animefreak.ws/m/vWZm/ep-15)

AnimeDao watch anime: One Piece (Dub) (https://animedao.nl/m/0k6) Episode 693