June 17, 2019 17:12
Свет

(Видео) Во желудникот на мртов кит пронајдени 40 килограми пластика

На Филипините пцовиса млад кит кој проголтал 40-ина килограми пластични кеси, соопштија морските биолози од островот Минданао.

Во текот на обдукцијата во желудникот на китот биле пронајдени речиси 40 килограми пластични кеси, меѓу кои кеси од ориз и кеси од плантажи со банани.

Од желудникот на китот била извлечена голема количина отпад, а морските биолози велат дека причина за бруталната смрт е желудочен шок, кој настанал кога цицачот проголтал голема количина пластика која завршила во океанот.

„Гардијан“ наведува дека пластиката за еднократна употреба се користи премногу во југоисточна Азија.

Според извештајот на здружението „Оушн конзерваси“ за 2017 година, Кина, Индонезија, Филипините, Тајланд и Виетнам заедно фрлиле повеќе пластика во океаните од остатокот на светот.

Морскиот биолог Дарел Блатчеј вели дека во изминатите 10 години 57 кита и делфини настрадале поради голтање пластика во океаните.

Нови вести

Студија: Растенијата исчезнуваат двапати побрзо од животните

Filip

Директорот на „Хуавеи” ја спореди компанијата со силно оштетен авион

Filip

Во Иран уапсени неколку агенти на ЦИА

Igor