August 14, 2022 08:42
Спорт

(Видео) Во Дортмунд 100 минути фудбал проткаен со голови, тензии, исклучувања и триумф на Баерн

Баерн Минхен на жешкиот „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд, во дербито на 14. коло од германската фудбалска бундеслигашка конкуренција ја совлада Борусија со 3:2. Ова беше седми поседователен пораз за Баерн во пресметките со „милионерите“, на кои им побегна четири бода во првенствената трка за шампионската титула.

На „Сигнал Идуна парк“  вечерва дербито траеше токму 100 минути. Покрај петте постигнати гола, беше виден пресврт и уште многу шанси и тензија на теренот, која резултираше со исклучување на тренерот на домаќините Марко Розе. Возбудувањата беа најавени на самиот почеток од мечот кога беа постигнати два гола, па по девет минути игра, на семафорот стоеше 1:1 откако во листата на стрелците се запишаа Брандт за домаќините и Левандовски за гостите од Минхен.

До крајот на првиот дел, подобар тим беше Баерн и погоди преку Коман во 44-та минута за 1:2, но тука не беа крајот на возбудувањата. Ерлинг Халанд со одлична завршница израмни на 2:2 на стартот на вториот дел, додека на крајот како пресуден се покажа вториот гол на Роберт Левандовски.

По играње со рака, судијата покажа на белата точка по долгиот преглед на ВАР, а Полјакот беше неуморен и погоди за 2:3 во 77-та минута. Во оваа ситуација, исклучен беше тренерот Розе кој сакаше да се пресметува со судијата, а поради прекинот, имаше големо продолжени