October 28, 2020 03:08
Хроника

(Видео) Во Белград ликвидиран е криминалецот Шарац

Александар Шарац (35), член на криминалната организација Пинк Пантер, е застрелан денеска во гаражата на Трговскиот центар Уже во Белград. Како што пренесува Телеграф.рс, напаѓачот и пришол на жртвата во моментот кога таа се приближувала до нејзиното возило Мерцедес и испукал два истрела во главата, а потоа избегал.

Полицијата веднаш го однела застреланиот до Ургентниот центар, каде починал.

Шарац не е прва цел на нападот. Во јануари 2019 година, медиумите пишуваа дека тој бил мета на нападот во кој беше убиен неговиот зет Небојша М.

Шарац имал подебело криминално досие, учествувал со неговата банда во грабеж за време на операција во Милано во септември 2016 година, во една луксузна продавница за накит.