August 20, 2022 00:49
Свет

(Видео) Во Авганистан од силен земјотрес загинаа најмалку 255 луѓе

Во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утрово загинаа најмалку 255 лица во Авганистан, а најмалку 150 лица се повредени. Се вршат проверки за да се види дали е можно бројот на жртвите да е поголем.

Земјотресот ги погодил густо населените делови на Пакистан и Авганистан, соопшти американскиот Геолошки завод (УСГС)

Потресот погодил подрачје на околу 44 километри од градот Кост, на југоистокот на Авагнистан, а епицентарот бил на длабочина од 51 километар, наведе УСГС.