January 19, 2021 05:38
Спорт

(Видео) Винкс ја погоди мрежата на Лудогорец од 49,1 метар

Англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем го декласира бугарскиот Лудогорец со 4-0, а стрелец на еден неверојатен погодок беше Хари Винкс кој од околу 50-метри во намера да го проигра Герет Бејл ја погоди противничката мрежа !

Голот на Винкс не само што ја обележа вечерта, туку и целото коло во Лига Европа.

Пресметано е дека Винкс постигна гол од далечина од 49,1 метри.