October 6, 2022 11:56
Хроника

(Видео) Вечерва групна тепачка во центарот на Скопје

На социјалните мрежи се појави видео од групна тепачка во центарот на градот.

„Деца по 14-16 год секој викенд масовно се собираат на групни тепачки!! И машки и женски меѓусебно!! , вели граѓанин кој наведува дека ова особено е изразено на скопската улица „Орце Николов“.

Синоќа македонската јавност ја вознемири инцидент во кој учевствувале малолетници и се расправале поради место за седење во автобус на ЈСП во Кисела Вода.

Во автобусот со број 51 тие физички пресметувале и бил употребен остар предмет. По инциентот двајца малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.