February 22, 2020 07:14
Спорт

(Видео) Вест од соиграч на Леброн во Кливленд до бездомник

Поранешниот НБА-кошаркар Делонте Вест минува низ тежок период во својот живот. Вест  кој настапуваше во НБА од 2004 година каде го облече дресот на Бостон, по што се пресели во Кливленд каде му беше соиграч на Леброн Џејмс, сега е бездомник. Како активен кошаркар заработил големи пари, но поради бурниот живот истите лесно ги потрошил. Само неколку години по завршувањето на кариерата целосно банкротирал и станал бездомник. Редовно има проблеми со алкохол и дрога.

Вест бил уапсен од полицијата откако бил претепан на улица во Вашингтон. Видеото на кое лежи на улица молскавично се рашири по социјалните мрежи.