June 25, 2022 15:34
Спорт

(Видео) Верстапен во последниот круг заврши во оградата во квалификациите за ГН на Саудиска Арабија

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позиција на трката во Формула 1 на ГН за Саудиска Арабија откако Макс Верстапен погреши во последниот свиок и заврши во оградата, момент кој може да го реши конечниот пласман на крајот од сезоната. Верстапен на две трки пред крајот има предност од 8 бода во генералниот пласман но работите можат да се променат уште овој викенд. Мерцедес го окупираше првиот ред во квалификациите за ГН на Суадиска Арабија, и тоа благодарејќи на грешката на Холанѓанецот.

Во својот последен брз круг, Макс Верстапен леташе на патеката, имаше два најдобри сектори но се заби во оградата во последниот свиок и му ја препушти пол-позицијата на Луис Хамилтон, а второто место на Валтери Ботас.

Овој момент моше да ја реши сезоната и битката за титулата, останува да се види дали младиот Макс Верстапен ќе може да се искупи утре на трката.

Зад нив, денеска финишираа Шарл Леклер, Серхио Перез, Пјер Гасли, Ландо Норис, Јуки Цунода, Естебан Окон и Антонио Џовинаци.