June 24, 2021 19:44
Магазин

(Видео) „Брзи и бесни“ се враќаат по деветти пат за нови возбудувања

За да ја одбележат скорешнaта премиера  на деветтиот дел на „Брзи и бесни“ под скратен наслов F9 , некои медиуми направија кус осврт на една од најуспешните филмски саги.

Започна како филм за нелегални улични трки, а во киносалите пристигна во јуни 2001 година со малку возбуда.

И, во голема мера благодарение на sвездата Вин Дизел, кој го толкува смелиот возач Доминик Торето, „Брзи и бесни“ стана една од најуспешните филмски франшизи на сите времиња, генерирајќи 5,8 милијарди долари додека еволуираше во голема крими сага со сè поизразени акробации и ѕвезди како Шарлиз Терон и Хелен Мирен.

Снимањето на деветтото продолжение се одвиваше помеѓу јуни и ноември 2019 година во Лондон, Лос Анџелес, Единбург, Тајланд и Џорџија.

По неколку одложувања, премиерата во САД е закажана за 25 јуни.

Во новото продолжение, Доминик Торето (Ван Дизел) и неговaта екипа ги здружуваат силите во битката со највештиот атентатор и возач со високи перформанси што некогаш го имаат сретнато – неговиот напуштен брат.

4Anime blood c 4anime: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

AnimeDao watch anime dub: The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25