August 10, 2020 13:42
Спорт

ВИДЕО: Бисерот Елмас со втор гол ја докусури Словенија!

Македонија игра магично – Словенија е на колена. „Тодор Проески“ го скандира името на Ељиф Елмас по најубавиот контра напад во нашата историја.

Адеми повлече и го најде Алиоски, овој во празно проигра до Елмас, а ѕвездата на Наполи пак беше ладнокрвен очи в очи со Облак и го матира за 2-0.

Еуфорија на „Тодор Проески“ и почеток на славје на третата победа во квалификациите.

Словенија никогаш не била валка надиграна во овие квалификации, а Македонија јуриша кон врвот на табелата во групата Г.