August 20, 2022 02:05
Свет

(Видео) Бајден падна од велосипед

Американскиот претседател Џо Бајден падна од велосипед додека се возеше во близина на плажата Рехобот во Делавер за време на одморот, пишуваат западните медиуми.

Службениците за безбедност веднаш се упатиле кон првиот човек на Белата куќа и му помогнале да стане.

„Добро сум“, рече Бајден (80) пред насобраните луѓе додека другите му приоѓаа.