April 5, 2020 03:10
Свет

(Видео) Американски пилот заслепен со ласер при слетување, осомничениот е уапсен

Пилот на хеликоптер бил привремено заслепен од ласер кога минатата недела слeтувал во Калифорнија.

Сепак тој успеал да го приземји леталото, бидејќи за таа операција имал помош и од системот за автономно управување.

Откако му се повратил видот, пилотот ги известил надлежните служби за инцидентот, а како што се гледа и на снимките, осомничениот за светење со ласерот веднаш бил уапсен, пренесува хрватски „Индекс“.