Млад Американец за малку ќе се удавел во водите на Неретва, после неуспешен скок од стариот мост во Мостар, јавуваат локалните медиуми. Животот им го должи на двајца мостарци, кои реагирале храбро и присебно и му го спасиле животот.
Спасувањето на младиот Американец го снимиле неговите пријатели, кои воопшто не се надевале дека скокот од мостото ќе предизвика драма за да се спаси човечки живот.
Домашните скокачи од мостото во Мостара го предупредиле Американецот да се откаже од намерата да биде дел од атракција на Неретва, но тој се фалел дека има искуството од скокање со падобран, па малку недостасувало да го плати овој чин со својот живот.