November 24, 2020 01:11
Магазин

(Видео) Актерката Никол Кидман би можела да почне со пејачка кариера

Актерката не ја почестува својата публика премногу често со своите музички настапи, но за новата серија сними волшебна нова верзија на познатата песна „ Dream a Little Dream of Me“, која ја паметиме по спектакуларниот настап на актерката и пејачка Дорис Деј.

Во воведниот дел од серијата, ја слушаме таа песна и гледаме помлада верзија на ликот кој го игра Кидман во серијата, како невнимателно бере цвеќиња и бега низ идиличен пејзаж.

Кидман го покажа својот талент за пеење и претходно, на пример кога го испеа дуетот „Нешто глупаво“ со Роби Вилијамс, како и во популарниот филм „Мулен Руж“, па многу фанови се воодушевени од нејзиниот нов ангажман со пеење.Затоа, ако мисли да ја замени својата актерска кариера со пејачка, многу е веројатно дека ќе биде многу успешна и во таа област, бидејќи судејќи според критиките на експертите и обожавателите, нејзините вокални способности се одлични.

Патем, оваа серија, вистински психолошки трилер, е адаптација на романот на Жан Ханф Корелиц, „Требаше да знаеш“. Никол ја игра Грејс Фрејзер, терапевт чиј живот започнува да се расплетува во јавноста непосредно пред објавувањето на нејзината прва книга. Хју Грант го игра нејзиниот сопруг Џонатан. За Никол, ова е важна година на многу начини…

Преземено од Канал5