November 12, 2019 18:11
Магазин

(ВИДЕО)Шерон Стоун пред публика ја повтори легендарната сцена од ,,Основен инстинкт” 

Легендарната сцена од 1992 во филмот ,,Основен инстинкт”, каде Шероун Стоун ги прекрстува нозете стана дел од филмската историографија.

Актерката ја повтори 27 години подоцна , на доделувањето на  GQ Awards во Берлин.

Откако ја прими наградата „Жена на годината“, Шерон седна на бината за да одржи говор пред публиката во која беше  и нејзиниот 19-годишен син Роан Бронштајн.

За време на говорот, таа ја повтори најпознатата сцена од филмот, и ја покани публиката да го направи тоа со неа. Шерон откри и како таа сцена и го променила животот.

“Пред неколку години, седев на бината, а режисерот ми рече да ги соблечам гаќичките затоа што не треба да ги носам на таа сцена и затоа што се гледаат. Се согласив. Не знаев дека тој момент ќе го промени мојот живот”, изјави Шерон и рече дека таа улога и донесе голема слава, иако неодамна излезе на виделина дека таа не била првиот избор за овој филм.

Нови вести

Во куќа со две малолетни деца чува питон долг 5,5 метри и тежок 110 кг

zane

Сталоне делуваше импресивно во темен костум на проекцијата Very Ralph

zane

Флавио Бријаторе во страстен бакнеж со 49 години помладa девојка

zane