January 15, 2021 23:56
Спорт

(Видео) Последната снимка од Марадона ја има негов сосед

Светот се прости од Диего Армандо Марадона, фудбалскиот виртуоз вчера беше погребан на приватни гробишта во близина на Буенос Аирес. Дон Диего почина во својот дом на 60-годишна возраст, дваесетина дена по интервентната операција која му беше направена на главата.

Една од последните снимки додека Марадона беше жив ја има токму неговата сосетка. Кога аргентинската легенда ја напушти болницата и беше пуштен во домашно лекување, сосетката со своето дете го пречека Диего и го сними, па си добија и поздрав од Марадона додека детето довикуваше „Здраво Диего“.