December 1, 2022 18:29
Македонија

Веќе 11 часа трае седницата на општинскиот Совет на која советниците на СДСМ ги бранат интересите на граѓаните на Прилеп

Во големата сала на Општина Прилеп, веќе 11 часа трае 15-тата седница на општинскиот Совет, на која советниците на СДСМ и Коалицијата ги бранат интересите на граѓаните на Прилеп.

Неспособноста на директорите на општинските комунални претпријатија да ги менаџираат процесите, вработувањето на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни роднини и пријатели, ги доведоа претпријатијата пред финансиски колапс.

Со амин на градоначалникот Борче Јовчески, кој во својата изборна програма ветуваше намалување а не зголемување на цената на водата, директорите на ЈКП „Водовод и канализација“, „Комуналец“ и ЈП за просторни и урбанистички планови, предложија зголемување на цените на услугите.

Со цел да го спречат ценовниот шок кој претставува сериозен удар врз стандардот на граѓаните на Прилеп, советниците на СДСМ и Коалицијата доставија 400 амандмани. Со објаснување дека амандманите се неосновани, претседателот на општинскиот Совет Дејан Проданоски сите ги отфрли, односно не го прифати предлогот да бидат ставени како точки на дневниот ред на денешната седница на општинскиот Совет.

Владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту повлекување на спорните точки за зголемување на цените на комуналните услуги и на јавниот градски превоз.

Жестоката дебата помеѓу, од една страна, директорите на ВМРО-ДПМНЕ фатени „со рачињата во медот“ и аргументираните дискусии на советниците на СДСМ и Коалицијата во насока на заштита на интересите на граѓаните на општина Прилеп, се уште трае.