April 20, 2019 17:13
Македонија

Вељаноски: Кој ги отворил вратите ќе си утврди судот

Министерството за внатрешни работи е надлежно за внатрешното и надворешното обезбедување на Собранието и треба да го одреди бројот на лицата што вршат обезбедување. Претседателот на Собранието може да му дава наредби само на личното обезбедување. Кој ги отворил вратите ќе си утврди судот. Не сум дојден овде да давам констатации, потенцира поранешниот претседател на Парламентот Трајко Вељаноски на денешното сведочење во Кривичниот суд за настаните од 27 април минатат година.

Во одговор на прашање на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, Вељаноски истакна дека немал можности да се пробие до Сала 3 за да им помогне на нападнатите пратеници бидејќи имало толпа пред неговиот кабинет и се слушале шок бомби. Негираше дека му наредил на пратеникот Сашо Василевски да ја отвори вратата, и дека комуницирал со Билјана Бришковска Бошковски, тогашната заменичка министерка за правда.

Вељаноски негираше и дека комуницирал преку неговиот шеф на обезбедување Горан Ѓошевски-Леви.

– Пораката бидете на штрек му ја пратил на Ѓошевски во 17:48 врз основа на искуството и побарал да го информира внатрешното обезбедување на Собранието, а одговорот од Ѓошевски „Сите знаат и од МВР”, значела дека веројатно мислел на началниците од внатрешното обезбедување на Собранието, посочи Вељаноски во одговор на прашања од судот.

Вељаноски гледал на телевизија како се тепаат пратеници но, како што кажа, за редот во Собранието се грижи МВР. Рече дека не се јавил кај никого, бидејќи мислел дека тоа е надлежност на внатрешното обезбедување.

На прашање дали се грижел само некој да не седне на неговото место, Вељаноски рече дека не може било кој да седи на тоа место оти ја претставува институцијата.

Попладнево по паузата треба да сведочи Милунка Јованоска, како сведок на обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви, а потоа и Зијадин Села, сведок на Абдулфета Алими.

Нови вести

Гласаа болните стари и изнемоштени лица во општините од југоисточниот регион

Igor

ЦИВИЛ повикува да се пријавуваат изборните нерегуларности

Igor

Заврши гласањето на болните и немоќни во Штип, Карбинци и Пробиштип

Igor