December 5, 2022 23:38
Македонија

Вечерва СДСМ одржа Централен одбор

Седница на Централниот одбор на СДСМ.

Се дискутира за актуелната состојба во земјата, економските текови, енергетската стабилност и трансформацијата, антикризните мерки и политики на партијата за справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза. На седницата се отвори и дискусија за нови политики изјавија од СДСМ.


Во рамки на тековната широка општествената дебата членовите на ЦО на СДСМ разговараа за реформата на програмите за директна поддршка во земјоделството и руралниот развој, новиот модел за субвенции како и за подобрување на фискалниот и финансискиот систем, којшто ќе овозможи раст и развој во 2023 година, целосно и навремено реализирање на сите функции на државата со фокус на капиталните инвестиции и зајакнување на животниот стандард на граѓаните.